НЛБ Фондови АД Скопје, Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, со адреса на бул. „Партизански одреди“ бр. 14А, Скопје, управува со НЛБ БРИК – акциски фонд, НЛБ Америка – акциски фонд, НЛБ Кеш депозит – паричен фонд, НЛБ Топ брендови – комбиниран фонд и НЛБ Обврзници – обврзнички фонд. Статутот, Проспектот, годишните и полугодишните извештаи, како и сите информации поврзани со фондовите се достапни на оваа интернет-страница, како и во седиштето на Друштвото. Податоците кои се содржани во Проспектот, заедно со одредбите од Статутот на секој фонд, со кој се уредуваат правните односи на Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, со сопствениците на удели во Фондот, создаваат правна целина која ги има сите потребни информации врз основа на кои потенцијалните вложувачи можат да донесат разумна одлука за вложување во Фондот. Пред донесувањето одлука за вложување, секој потенцијален инвеститор е должен внимателно да ги прочита одредбите од Проспектот и од Статутот, за да дознае за каков вид вложување станува збор и кои се ризиците поврзани со вложувањето во Фондот. Приносот од минатото има информативен карактер и не претставува показател за можен принос во иднина. Промената на вредноста на уделот на секој фонд во голема мера зависи од состојбата на пазарите на капитал. Како што вредноста на уделот може да расте или да опаѓа, така и идните приноси може да бидат повисоки или пониски отколку во минатото. Можно е инвеститорите да не можат да ги добијат сите средства вложени во Фондот додека трае периодот на инвестирање. Пресметките ги исклучуваат трошоците што се наплатуваат од инвеститорот, кои инаку би ја намалиле презентираната стапка на принос. Надоместоците што се наплатуваат од инвеститорот во Фондот се: влезен надоместок, кој се одбива од износот за уплата во моментот на продажбата на уделите, и излезен надоместок, кој се одбива од нето-вредноста на имотот на отворениот фонд по удел во моментот на откуп, доколку не се исполнат условите за вложување. Највисоката стапка на влезен и на излезен надоместок изнесува 5 %, а најниската стапка на влезен и на излезен надоместок изнесува 0 %.

Јавете ни се:

02 60 90 300

Прашајте нè

Испратете ни порака Посетете нè

© 2025 НЛБ Фондови АД Скопје

  • Правни известувања
  • Колачиња
  • Предупредување за инвеститорите
  • Политика на приватност

Автор: